fbpx

Тројца врвни спортисти ги санираа повредите во „Аџибадем Систина“

10.12.2018

За само десет денови, тројца врвни спортисти ги санираа здобиените повреди во болницата „Аџибадем Систина“.  Сите се едногласни дека тимот на доктори од Одделот за ортопедија и трауматологија  се најдобри и најстручни во регионот. Ракометарите на Вардар, Фереира Мораеш Рожеиро и Вуко Борозан, како и фудбалерот Горан Попов се само едни од многумината спортисти кои решението за своите спортски повреди го нашле во „Аџибадем Систина“.

Пикерот на најуспешниот ракометен клуб во Македонија, РК „Вардар“, Фереира Мораеш Рожерио, накратко ни раскажа за неговото искуство со болницата, како и со целиот медицински тим којшто го врати на нозе:

„За мене изборот на болница беше очигледен, веднаш знаев дека тоа ќе биде ‘Аџибадем Систина’, а проблемот со коленото го доверив на искусниот трауматолог д-р Михајло Ивановски. Целиот третман што го добив од првата консултација па сè до по операцијата беше на највисоко ниво и крајно професионално. Не можев ништо повеќе да побарам од целиот медицински тим, кој ми помогна повторно да застанам на нозе и вечно ќе им бидам благодарен што сега можам да се вратам на теренот.“

Слична повреда на коленото имаше и црногорскиот ракометар Вуко Борозан, кој благодарение на успешната интервенција на тимот трауматолози д-р Михајло Ивановски и д-р Борислав Илиев, во соработка со анестезиологот д-р Мирјана Петровска, го реши проблемот со тешката и ретка повреда на коленото.

„Интервенцијата се одложуваше затоа што сметавме дека ќе може до крај да игра во Лигата на шампиони. Но, за жал,  коленото  му се блокираше пред натпреварот со Барселона и мораше веднаш да се реагира. Станува збор за повреда на ‘рскавицата, која беше придружена со тешки болки во коленото и неможност за движење.“, вели  д-р Михајло Ивановски .

„Планот беше интервенцијата да ја направам за време на паузата за да можам да се вратам во вториот дел од сезоната, но, сепак, не излезе според зацртаниот план“, вели Борозан.

Со проблем се соочи и Горан Попов, кој по една година неизвесност дали ќе може да продолжи со својата фудбалска професионална кариера, го реши својот најголем проблем. Успешно е направена операција на неговото колено, која многу често се јавува кај спортистите, повреда на менискусот и постојани болки и отоци во коленото.

„Тимот на доктори, медицински сестри и физиотерапевти кои се грижеа за мене за време на престојот тука се најзаслужни што за кратко време повторно застанав на нозе и што многу скоро ќе можам да се вратам на фудбалскиот терен. Јас цели шест месеци се мачев со оваа повреда. По секој натпревар имав голем оток, не можев ниту да ја свиткам ногата и бев принуден да одморам по неколку дена само за да можам повторно да застанам на нозе. Презадоволен сум од д-р Ивановски и д-р Илиев, и од тоа колку успешно ми ја санираа повредата“,  вели Попов.