fbpx

Д-р Салис Таџер беше мојот прв избор за бајпас операција

06.10.2017

Пред 13 години имав срцев удар. Ме пренесоа во болница со брза помош. Дежурниот доктор ми кажа дека има две вести, една лоша и една добра. Прво го замолив да ми ја каже лошата, и ми кажа дека имам срцев удар. Веднаш го прашав за добрата, ми одговори дека добрата е што ќе се интервенира и ќе ми се помогне. Добрата вест таа вечер беше тоа што дежурен доктор беше д-р Оливер Бушљетиќ. Во 2 часот по полноќ влеговме во операциона сала. Ми вградија два стента. Кога докторот се префрли во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се префрлив и јас.

На лекар одам со радост

Сите се плашат кога ќе се спомне болница. Во „Аџибадем Систина“ на секој преглед и интервенција одам со радост. Сите се насмеани и позитивни. Ќе отидам болен, ќе излезам здрав. Минатата година, пред да почнам со снимањето на филмот „Ах, љубов моја“, отидов на преглед, и д-р Бушљетиќ ми кажа дека треба да внимавам и да се чувам, да не се напрегам со работа, а јас бев режисер на филм на кој работевме и по 10 часа дневно. Два дена пред крајот на снимањето ми се слоши. Бевме на снимање во Маврово од каде веднаш бев префрлен во „Аџибадем Систина“. Д-р Бушљетиќ ме оспособи за да го завршам филмот. Откако завршив со снимањето се договоривме повторно да дојдам на преглед. Тогаш ми соопшти дека морам да се оперирам и ме запозна со проф. д-р Салис Таџер.

 

Бев смирен и убеден дека сум во сигурни раце

Јас бев пријател со неговиот татко, проф. д-р Исак Таџер, кој беше една од најкултурните личности во Македонија. Не постоеше концерт или културна манифестација на која д-р Исак не беше присутен. Го познавав и проф. д-р Салис Таџер, кој е одличен пијанист и голем љубител на џезот. Знаев дека е најдобар за операција на срце, во што подоцна и лично се уверив. Ми објасни дека е потребно да се направат 3 бајпаса, и го договоривме датумот. Она што беше чудно е што пред операција не чувствував никаков страв. Бев смирен и убеден дека сум во сигурни раце.

Тие не се обични луѓе

Операцијата помина во најдобар ред. По операцијата, професорот ме посети и ми соопшти дека ми се направени четири бајпаса. Следните 10 дена останав на Одделот за кардиохирургија, каде имаат одлични услови. Сега редовно одам на контроли и одлично се чувствувам. Пред некој ден успеав и да се искачам на Водно. Проф. д-р Салис Таџер заврши огромна работа.

kole angelovski 1

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најголем впечаток ми остави тоа што секој од вработените и докторите е голем професионалец во својот дел. Позитивната енергија што ја шират во разговорите пред и по операција ретко се сретнува. Имаат посебна харизма и посебно значење, и тие не се обични луѓе.

Ви благодарам за сè,

Никола Ангеловски