fbpx

Со позитивна мисла и стручен тим може да биде победена и најтешката болест

19.06.2017

AcibademSistina Joveta Vranesh 1

„Да не постоеше ‘Аџибадем Систина,’ некој ќе мораше да ја измисли“ – со насмевка на лицето ни ја почна својата приказна нашиот пациент Јово Вранеш.

„Јас сум долгогодишен пациент во ‘Аџибадем Систина’ и за секој мој здравствен проблем решението го наоѓам тука. Ми се допаѓа позитивната енергија со која зрачат докторите и ми даваат надеж дека за секоја болест има решение. Но, не е само позитивниот став, овде работат вистински професионалци, врвни доктори. Им благодарам на д-р Дева Петрова и д-р Славица Кралева, бидејќи прво бев на Одделот за онкологија и бев нивен пациент, со дијагноза карцином на ректум. По само неколку години повторно ми беше потребна стручна помош, па по препорака на мои добри пријатели бев кај  д-р Јосифовски Тони, потоа кај д-р Владимир Аврамовски за на крај кај д-р Александар Мицковски поради уролошки проблеми. Имам огромна верба во докторите, позитивни се и полни со живот.

AcibademSistina Joveta Vranesh 1

„Морам да ја пофалам и работата на ургентниот центар, честопати сум завршил доцна во ноќта поради болки. Во секое време тука ве пречекува стручен кадар, кој ви дава поддршка и нега“, вели Јово.

„Пациентот во нашата болница го примивме на 12 јуни поради комплетна задршка на урината и силни болки. Неговата дијагноза беше хиперплазија на простата, што е едно од најчестите заболување на простатата кај мажите постари од 50 години. Неопходна беше хируршка интервенција, која помина одлично. За еден доктор голема позитивност е кога имате пациент кој соработува и комплетно ви верува, таков пациент е и Јово“ – изјави д-р Александар Мицковски.