fbpx

Мојот живот ви го должам вам

27.04.2017

Душко е еден од многуте примери кои потврдуваат дека професионалноста, брзината на реакција и мултидисциплинарниот пристап може да го спасат животот. На 5 април дошол во „Аџибадем Систина“ поради болки и трнење на раката, градна болка и недостиг на воздух. Првите анализи покажале критични стеснувања на две артерии, кои барале итна интервенција.

Душко Ѓошевски вели дека досега здравјето добро го служело и не одел често на доктори, но за сè имало првпат. За време на својата посета кај синот во Америка почнал да чувствува силни болки во рацете, но не се ни посомневал дека се работи за кардиоваскуларен проблем. Брзо се вратил во Македонија и по препорака на своите блиски дошол на преглед во „Аџибадем Систина“.

Пристигнал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во животозагрозувачка состојба, со симптоми за срцев инфаркт.

„Дојдов тука буквално во 2 минути до 12. Животот ми го спасија стручноста и брзината на тимот од Одделот кардиологија, предводен од д-р Оливер Бушљетиќ. Презадоволен сум од третманот тука и оваа болница би ја препорачал на сите. За време на престојот се чувствував како во хотел. Медицинските сестри доаѓаат на 5 минути да ме прашаат дали сум добро. Покрај тоа што сите се професионалци, овде сите се пријатни и добри луѓе. Единствени сте“ – објаснува Душко.

AcibademSistinaDushko 1

Д-р Оливер Бушљетиќ, кој беше одговорен за третманот на Душко, вели дека по направената контрола пациентот се чувствува добро и е во стабилна состојба.

„Душко го примивме со нестабилна ангина пекторис, веднаш му направивме дијагностичка коронарографија која покажа критични стеснувања на две артерии. Кај пациентот успешно беа поставени два стента со оптимален резутат и тој си замина дома во стабилна општа состојба. На редовните телефонски контакти што го правиме со сите наши пациенти по напуштање на болницата, пациентот ни кажа дека се чувствува одлично, физички е активен и го планира својот годишен одмор“ – ни објасни д-р Оливер Бушљетиќ.