fbpx

Повторно застанав на нозе благодарение на стручноста на проф. д-р Јордан Савески

29.09.2016

Во август 2015 година имав повреда на прешлените на `рбетот и бев целосно неподвижен. По доаѓањето во „Аџибадем Систина“ се запознав со проф. д-р Јордан Савески, кој ми ја објасни мојата состојба и третманот што треба да се примени. Неговиот пристап беше премногу љубезен, конкретен и сеопфатен со што добив чувство дека сум во вистинските раце.

На 1 септември, по одлука на проф. Савески, ја направив потребната операција во „Аџибадем Систина“. Операцијата беше многу успешна така што по само неколку дена заминав за Стокхолм каде продолжив со рехабилитација на повредата. Откако се запознав со докторот во болницата во Стокхолм, му ги покажав сите медицински извештаи од „Аџибадем Систина“. Неговите први зборови беа:

Проф. Д-р Јордан Савески

„Имате среќа што повредата не беше поголема, инаку ќе завршеше многу полошо за Вас. Сте имале среќа што сте имале толку професионален трауматолог и професионална болница. Ова не е лесна операција, воопшто сите операции на `рбетен столб се сериозни и бараат сериозна стручност и ангажман. Тој или тие што ја направиле оваа операција (мислејќи на проф. Савески и неговиот тим) го извел толку стручно, толку прецизно што ова може да се нарече совршенство или уметност во медицината“. 

Докторот овие зборови ги потенцираше секој пат кога и да отидев на вежби и контроли во болницата. 

Почитуван професор Савески, по сите пофалби кои ги слушнав за Вас за време на престојот во „Аџибадем Систина“, и пофалбите упатени до Вас во болницата во Стокхолм, сакам да знаете дека имате многу причини да се гордеете со Вашите достигнувања во медицината, со Вашата работа и пристапот кон пациентите.

На крај, почитуван проф. Савески, дозволите од мое лично име и од името на моето семејство да Ви се заблагодарам за сета помош која ја добив од Вас и болницата „Аџибадем Систина“. Голема благодарност за сите медицински сестри и целиот тим кој беше извонреден за време на мојот престој  во болницата.

 

Со голема почит

Авни Кастрати