fbpx

СТРУЧЕН СОСТАНОК „ВО ИМЕТО НА ХУМАНИОТ МИКРОБИОМ“

10.10.2022

На 20 октомври, Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом (ММЗХМ) ќе го одржи првиот стручен состанок на тема: Во името на хуманиот микробиом. Состанокот ќе се одржи во амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со почеток во 16:00 часот.

naslovna kongres

Стручниот состанок кој е под покровителство на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е со цел имплементација на актуелните трендови во медицината, проучување на улогата на хуманиот микробиом за профилакса, превенција и третман на долга листа на стари и нови инфекции и состојби на модерното време.

Од името на Здружението ги покануваме сите заинтересирани да се пријават за учество на https://kme.mld.mk/courses/

dneven red