Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби уште едно значајно признание за својот несебичен ангажман и поддршка за време на трагичниот настан во Кочани. Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија ја додели оваа благодарница во знак на признание за исклучителниот придонес и посветеноста во справувањето со националната катастрофа.
Ова признание уште еднаш ги нагласува хуманата мисија и општествената одговорност на болницата, која секогаш се става во служба на граѓаните, особено во моменти на голема потреба. Персоналот на „Аџибадем Систина“ од самиот почеток на трагедијата беше целосно мобилизиран и ставен на располагање, со цел да се згрижат што е можно повеќе пациенти.
На свечената манифестација постхумно беше доделена и пофалница на медицинската сестра Марина Ангеловски, во знак на признание за нејзиниот особен придонес во развојот на сестринството и грижата за здравјето на населението.
Како општествено одговорна институција, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува посветена на својата мисија и е подготвена и во иднина да дејствува со брза реакција и безрезервна поддршка во моменти на криза и хуманитарна потреба.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.