Учениците од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола остварија традиционална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Во рамки на посетата, фармацевтските техничари имаа можност да се запознаат со работата на болничката аптека и Одделот за дијагностички лаборатории, како и со капацитетите, начинот на работа, медицинските услуги и примената на најсовремените протоколи при лекувањето на пациентите.
Оваа посета е дел од наставната програма на учениците од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.