Доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одржаа пленарни предавања на годинашниот Меѓународен конгрес на студенти по медицински науки – ISCOM 2025, кој се одржа од 15 до 17 мај во Штип, во организација на студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Проф. д-р Андреј Петров, проф. д-р Џенгис Јашар, доц. д-р Корнелија Трајкова и д-р Камелија Симеонова предаваа на теми од својата експертиза, споделувајќи знаења и искуства од клиничката пракса со студентите и младите лекари.
Исто така, значаен дел од конгресната програма беа и работилниците, на кои учество зедоа патолозите д-р Елена Стојкоска и проф. д-р Катерина Кубелка Сабит, а проф. д-р Вања Филиповски се вклучи како ментор на една од темите од областа на патологијата. Работилницата се фокусираше на разбирање на главните молекуларни механизми кои стојат зад развојот и напредувањето на белодробниот карцином. Посебен акцент беше ставен на тоа како овие научни сознанија можат да се применат во клиничката пракса, овозможувајќи подобра дијагностика и таргетирана терапија кај пациентите.
Настанот овозможи вредна платформа за соработка и академска размена помеѓу студенти, млади лекари, истражувачи и експерти од различни земји. Учесниците имаа можност да се вклучат во богата програма исполнета со предавања, интерактивни работилници и дискусии, проширувајќи ги своите знаења и градејќи контакти со истакнати професионалци од медицинската заедница на регионално и меѓународно ниво.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.