Целиот свој живот го посветил на медицината и неговата цел била да им помага на пациентите. Гинекологот д-р Нусрет Харадинај објаснува дека ја има најубавата и најблагодарна професија, а најголема радост му е чинот на породување и носењето на свет нов живот. Посветен, стручен и почитуван меѓу пациентите во Косово, 70-годишниот доктор за време на едно породување почнал да чувствува силни и неподносливи болки во ногата. Колегите веднаш му дале антикоагулантна терапија и го внеле во операциона сала.
„Од оперативна сала во која јас требаше да оперирам, за помалку од еден час, дојдов до момент кога мене требаше да ми се изведе операција. Ми беше изведена сериозна операција во истиот ден во Приштина. Докторите сторија сѐ што беше во нивна надлежност, направија бајпас, ми ја спасија ногата, но потоа почнаа компликациите. Метаболичките промени што ги добив од нарушената циркулација направија големи промени во моето тело и доведоа до тешка состојба. Докторите рекоа дека направиле сѐ и дека немаат можност за понатамошно следење. Ме советуваа да барам добра клиника. По препорака на пријатели добив насока за д-р Митко Караѓозов од Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’“ – објаснува Нусрет.
Д-Р КАРАЃОЗОВ ИМА ЗЛАТНИ РАЦЕ И ЗЛАТНО СРЦЕ
По брза постапка бил пренесен во „Аџибадем Систина“. Наишол на одличен тим и прием и уште во првиот момент знаел дека е во вистински раце.
„Толку добро бев дочекан овде, истиот ден бев примен и внесен во операциона сала. Ми беше кажано за сериозноста на интервенцијата, но златните раце и стручноста на д-р Караѓозов направија јас да сум жив и на нозе. Должник ќе му бидам цел живот. Од прием до операциона сала, сите се големи професионалци. Имав неколку интервенции, но беше сторено сѐ за да ми се спасат животот и ногата. Бев подготвен и на ампуат- ција на ногата, но тие успеаја да ја зачуваат. Премногу сум благодарен. Моето здравје беше ставено на прво место. Грижата за пациентите во вашата болница е на највисоко ниво. Го имате најдобриот персонал, сите се однесуваа како да ми се семејство, како браќа и сестри и не само спрема мене, спрема сите пациенти“ – вели пациентот Нусрет.
7 операции, неколку месеци болнички престој, дел во интензивна нега, период на неизвесност и борба, во кој поддршката од најблиските и персоналот била клучна за успешен третман и лекување.
„Три месеци бев врзан за креветот, но секојдневно ги чувствував посветеноста и грижата на медицинскиот тим и најблиските, а токму тоа ми даваше сила да продолжам да се борам и бргу да закрепнам по секоја операција. Човекот сам не може ништо, пресреќен сум што имав вистински луѓе околу себе. Благодарение на нивната стручност, современата технологија и посветеноста, јас сум повторно на нозе. Д-р Караѓозов не е само доктор, тој е човек со големо срце, кој има посебен однос и пристап спрема секој пациент“ – вели Нусрет.
Д-р Митко Караѓозов, специјалист по тораковаскуларна хирургија, објаснува дека секој пациент е посебна приказна и дека неговиот тим максимално се вложува за секој од нив.
„Ова е една среќно завршена приказна, за која со радост зборувам. Стануваше збор за многу тежок пациент, со атеросклероза на артериите, кој благодарение на мултидисциплинарниот пристап и довербата што ја имаше во нас, повторно застана на нозе. Беше донесен во нашата болница во многу тешка, животозагрозувачка состојба. Беа потребни неколку оперативни интервенции за да го вратиме пациентот повторно во живот. А кога по неколку недели, откако го испишавме од болница, ми прати слика како прегледува пациенти, душата ми се наполни“ – сподели д-р Митко Караѓозов.
Нусрет Харадинај сега се чувствува одлично, две недели по исписот од болница, повторно се вратил во својата ординација и на своите пациенити. Продолжува да ги следи советите што ги добил од д-р Караѓозов, внимава на исхраната и доаѓа на редовни контроли. Полека, но сигурно повторно се враќа на стариот живот и секојдневните обрвски.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.