fbpx

Стручен симпозиум „ВРОДЕНИ АНОМАЛИИ – ПРЕДИЗВИЦИ, ДИЛЕМИ И ТРЕТМАН”

31.05.2018

Во организација на Македонското лекарско друштво, на 7 и 8 јуни ќе се одржи симпозиум насловен „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман”. На симпозимуот со стручни презентации ќе учествуваат бројни експерти од Р Македонија кои се занимаваат со оваа проблематика. Учесници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се д-р Павле Димчев, гинеколог-акушер, и д-р Светлана Крстевска Блажевска, педијатар-кардиолог. Состанокот е акредитиран од Лекарската комора со 8 поени за учесник и 12 поени за предавач. Повеќе информации за котизација и регистрација на едукативниот настан прочитајте на http://mld.mk/fetanom/