fbpx

СО ВИСОКОРИЗИЧНА БРЕМЕНОСТ И МИНИМАЛНИ ШАНСИ ЗА УСПЕХ, ФРОСИНА ДЕНЕС Е СРЕЌНА МАЈКА

02.06.2022

Стручноста, следењето на состојбата и достапноста на д-р Митко Ивановски во секое време беа клучни што денес Фросина Фиданоска во рацете го има најголемиот подарок. Со заемна доверба, како што вели д-р Ивановски, се изборија за среќниот крај. Бројните ризици и закани по бременоста биле присутни уште од самиот почеток, но желбата на Фросина да стане мајка била поголема од секоја следна пречка со која се соочила.

ТРИ ГОДИНИ БОРБА ЗА ПОТОМСТВО

Првиот предизвик со кој се соочува семејството Фиданоски е неможноста за бременост, која траела 3 години, како и една вонматерична бременост. Во потрага по причината, Фросина и нејзиниот сопруг побарале помош кај бројни гинеколози, но сите имале иста констатација, дека со нив сè е во ред. „Времето не беше толку голем проблем, колку што беше неизвесноста од секој поминат преглед. Посетивме повеќе ординации, по препораки од блиски роднини и пријатели бевме кај најпознатите гинеколози. По направените анализи докторите велеа дека не постои видлива причина за неможноста да забременам, дека сè е во ред и со двајцата“ објаснува Фросина за патешествието низ кое минале барајќи решение за нивниот проблем. Причина за неможноста за забременување била вродена малформација на матката која ја воочил д-р Митко Ивановски. „Кај д-р Ивановски дојдов по препорака на блиска пријателка која ја следеше бременоста кај докторот. Решив да почнам со него, а тоа беше и моето прво искуство со болницата. Докторот веднаш најде решение, а тоа беше хистероскопија со која беше корегирана вродената малформација на матката. Уште од првиот преглед докторот ни остави одличен впечаток, особено што по толку неуспешни прегледи конечно добивме конкретен одговор и решение“.

СО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗАПОЧНУВА И БОРБАТА ДА СЕ ОДРЖИ БРЕМЕНОСТА

Два месеца по извршената хистероскопија, Фросина го добива позитивниот тест за бременост. Тогаш започнува среќата, но и првите проблеми. „Пресреќни бевме кога ја видовме втората црта на тестот за бременост. Како и секоја идна мајка, очекував дека бременоста ќе оди безгрижно.

Но, за жал, цела бременост беше доста ризична, со критични шанси за спас од почеток до крај, последователно прокрварив со појава на хематом. Потоа во 19. гестациска недела дојдов итно во болницата со пролобиран воденик поради што итно беше направен серклаж со минимални шанси за успех и понатамошно продолжување на бременоста. Поради сите овие состојби морав строго да мирувам во кревет првата половина од бременоста, а во втората половина едвај смеев да станам за најосновните потреби“, објаснува Фросина. Доктор Ивановски објаснува дека секоја од овие состојби сами за себе се причина за прекин на бременоста, особено пролабираниот воденик, кој е една од најсериозните компликации кај кои ризикот за абортус е над 90 проценти. Искуството и стручноста на целиот тим во КБ „Аџибадем Систина“ биле клучни за одржување на оваа високоризична бременост, преку навремена и соодветна реакција во вистинско време. Пресреќни бевме кога ја видовме втората црта на тестот за бременост.

УСПЕХОТ НА ФРОСИНА Е ЗАЕДНИЧКИ УСПЕХ

Д-р Митко Ивановски вели дека одржувањето на вакви непредвидливи бремености од голема мера зависи и од самите пациентки, од нивната верба и од нивната подготвеност да се придржуваат до строгите препораки. Токму затоа, успехот на Фросина е заеднички успех на целиот тим на болницата. „Заедно успеавме со Фросина. Уште на самиот почеток ѝ беа укажани сите ризици со кои се соочува и ѝ беа дадени навистина строги препораки, меѓу кои и комплетно мирување во кревет со цел да се задржи бременоста. Таа беше навистина принципиелна и доследно се придржуваше кон сè што ѝ беше кажано, ги прифати сите мои планови за третман. Нејзината доверба и истрајност резултираа со успешен крај, за што ми е особено драго и сум горд.“ вели д-р Ивановски.

ОД СÈ СРЦЕ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ Д-Р МИТКО ИВАНОВСКИ

Исполнувањето на сонот на Фросина, да биде мајка на прекрасно мало девојче, вели дека го должи на единствениот д-р Ивановски. „Јас и мојот сопруг вечно ќе му бидеме благодарни на д-р Митко Ивановски. Навистина од сè срце им го препорачувам на сите на кои им е потребно, особено на оние жени кои се соочуваат со ризична бремeност. Иако докторот ми ги објасни сите ризици и потенцијални компликации, сепак имав голема доверба во него и секогаш надеж за позитивен резултат. На крај сè се заврши одлично благодарение на неговата стручност, следење на состојбата и достапност во секое време. Тој не само што е доктор, тој е и пријател, психолог, но пред сè голем човек“, вели Фросина. „Најголем борец во целата приказна е малата Јована. Пресреќни сме што го имаме најубавиот подарок, нè исполнува со неизмерна и неопислива радост и среќа во сите моменти“, вели Фросина.