fbpx

ПРОФ. САВЕСКИ И Д-Р ТРАЈКОВСКА ДЕЛ ОД 6. КОНГРЕСОТ НА ХРВАТСКО-ТРАУМАТОЛОШКОТО ДРУШТВО

18.04.2022

Проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа дел од 6. Конгрес во организација на Хрватското-трауматолошко друштво. Конгресот се одржа во Водице, Р Хрватска во периодот 31.03-02.04, по двегодишно одложување поради пандемијата.

dr neda

„Вистинско освежување по долга пауза беше размената на искуства со колеги од други земји, можноста да се прикаже што сме сработиле и постигнале, да споредиме резултати со други хируршки куќи, да разговараме што може и треба да се подобри. Тоа е поентата на ваквите средби, имаат голем ефект во континуираната едукација и професионалниот развој, посебно во времето во кое живееме, кога медицината и хирургијата галопирачки се развиваат. Јас и проф. Свески имавме презентации во сесиите спинална хирургија, политраума и компликации во трауматологијата, во сите сесии се разви плодна дискусија и се извлекоа важни заклучоци за секојдневната пракса. Горда сум што можеме да прикажеме резултати компарабилни со оние на високо респектирани европски хируршки болници“- изјави д-р Неда Трајковска.

Овој конгрес е еден од најпрестижните конгреси на кој секоја година присуствуваат значаен број доктори и на кој се разменуваат нови и иновативни решенија за третман на проблемите со коските и зглобовите.