fbpx

Проф. д-р Сузан Родлер денеска оствари официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

02.04.2022

Проф. д-р Сузан Родлер, интервентен кардиолог со долгогодишно искуство од Австрија, денеска оствари официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и се сретна со менаџментот на болницата. За време на посетата д-р Родлер детално се запозна со работата на болницата и со развојните планови. Дополнително беа презентирани и резултатите од работењето на болницата, нејзините капацитети, услови и можности на одделите и специјализираните центри. Во текот на посетата проф. д-р Сузан Родлер разговараше со медицинскиот директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Жарко Христовски, како и докторите од Центарот за адултна и детска кардиохирургија, проф. д-р Алексанадар Николиќ и доц. д-р Владимир Чадиковски. Таа ја даде својата поддршка во заложбите на докторите и на целиот менаџмент на болницата да продолжат во напорите да го овозможат најдоброто лекување за сите пациенти во земјава и регионот и со нив го сподели и своето воодушевување од технологијата која ја поседува болницата.