fbpx

ПРОФ. Д-Р САВЕСКИ НА СВЕТСКИОТ КОНГРЕС НА ОРТОПЕДИ И ТРАУМАТОЛОЗИ SICOT

13.05.2022

Проф. д-р Јордан Савески беше дел од предавачите на вебинарот во организација на престижната Интернационална асоцијација на ортопеди и трауматолози SICOT. Тема на неговото предавање беше хируршки третман на остеопоротски фрактури на ‘рбетниот столб.

„Со оглед на новонастаната ситуација вебинарите се нов начин на комуникација и едукација. Поканата за учество ја добив како член на комитетот за трауматологија на SICOT во кој сум член во последните три години. Посебна чест е да се учествува на овие вебинари затоа што на конгресот присуствуваат доктори од целиот свет и го споделив моето искуство од случаите што ги работев во ‘Аџибадем Систина’“, додава проф. д-р Савески.

International Society of Orthopedic Surgery and Traumatology е една од најпрестижните меѓународни асоцијации на која секоја година присуствуваат значаен број доктори од светот. Проф. д-р Савески е еден од најрепрезентативните предавачи, со оглед на тоа што неговите предавања секогаш отвораат интересни дискусии и предизвикуваат внимание. Во своето богато 50-годишно професионално искуство и експертиза проф. Савески учествувал во повеќе од 100 конгреси, а има и издадено многу научни трудови.