fbpx

Проф. Д-р Николиќ стана академик на Меѓународната словенска академија на науки, уметности и култура

19.12.2020

Проф. Д-р Александар Николиќ, кардиохирург во Клиничката болница “Аџибадем Систина” е избран за нов член на Меѓународната словенска академија на науките уметностите и културата. Проф. д-р Николиќ станува дел од престижната академија поради значајниот научен придонес во медицината. Кардихириргот д-р Николиќ е еден од ретките и прв во регионот кој вгради вештачко срце кај пациенти, а тој беше дел и од тимот кој првпат во Македонија трансплантираше срце од донор на пациент кој сега доби нова шанса за живот. Собранието на Меѓународната словенска академија на науките, уметностите и културата го избра проф д-р Николиќ за акадамик на последница седница која се одржа во Москва. Николиќ е дел од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и на наше тло е најдобриот во областа, еден од пионерите со најновите достигнувања во цел регион за што сега овој избор е своевиден доказ. Тоа е и признание за сиот успех. Во 2018 година со вградувањето на две вештачки срца, Николиќ практично изведе операција која впрочем е една од петте најголеми достигнувања на каридоваскуларната медицина.

NIKOLIC
 

Николиќ потекнува од докторско семејство, целиот професионален живот го посветил на кардиохирургијата. Во годината што изминува беше дел од тимот кој во Македонија пресади срце, за што беше и дополнително награден со наградата 13 Ноември на Град Скопје.

 

извор – новости