fbpx

ПРОФ. Д-Р ИГОР КАФТАНЏИЕВ, ПРЕДАВАЧ ВО ЗАГРЕБ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АО ТРАУМА, КУРС И СЕМИНАР

29.11.2023
AS Kolazh AO Trauma

Загреб од 2 до 4 ноември беше домаќин на меѓународни курсеви и семинар за хирурзи трауматолози и ортопеди според програмата на меѓународната АО-фондација, но и курс за персонал во операционите сали, кој се одржа.

Проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, традиционално и оваа година беше предавач на АО Траума базичниот курс, како и на семинарот за повреди на долниот екстремитет. Заедно со повеќе реномирани хирурзи и предавачи од Европа, ги пренесе своите знаења преку предавања и дискусии со учесниците, но и практична примена на оперативните техники со вежби на модели на коски. На курсот за персонал во операциони сали, односно инструментари првпат учествуваа и две инструментарки Ѓурѓица Цветановска и Адвие Раим, од делот на траума и ортопедија на болницата.

Овој курс претставуваше одлична можност за нивна доедукација и запознавање со најновите оперативни техники на остеосинтеза и новите импланти што се употребуваат за таа намена. Ваквите стручни сертифицирани настани претставуваат единствен начин на кој треба да се обезбеди квалитетен кадар, кој понатаму ќе работи употребувајќи ги светските стандарди согласно со потребите на болницата.

Image

АО-фондацијата е непрофитна организација предводена од интернационална група хирурзи специјалисти од областа на траумата и ортопедијата,  формирана во 1958 година со седиште во Давос, Швајцарија. Во текот на последните децении ги дефинира стандардите во лекувањето на повредените, но и придружните заболувања поврзани со остеоартикуларниот систем. Денес  АО претставува најголема глобална мрежа, која обединува над 520 000 здравствени професионалци. Фондацијата е посветена на едукација, истражувања и развој од областа на траумата и ортопедијата, сè со цел да се постигне најдобар можен третман за пациентите. Во текот на секоја година, АО нуди повеќе од 870 едукациски настани ширум светот, поддржани од  8 000 предавачи и со повеќе од 82 000 учесници.