fbpx

ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ, ПАНЕЛИСТ НА 36. ГОДИШЕН СОСТАНОК НА EACTS ВО МИЛАНО

10.10.2022

Шефот на Одделот за кардиохирургија од Клиничка болница „Аџибадем Систина“, проф. д-р Александар Николиќ, е дел од 36. Годишен состанок на EACTS 2022, најголемиот кардиоторакален кoнгрес во светот, кој е фокусиран на научен развој и истражувања во повеќе специјалности. Во фокусот на настанот, кој се одржува од 5 до 8 октомври во Милано, Италија, ќе бидат новите достигнувања, истражувања и едукација во полето на кардиологијата, торакалните и васкуларните интервенции, како и да се промовираат истражувања од кардиоваскуларна и торакална психологија, патологија и терапија.

milano

На овој голем настан проф. Николиќ беше панелист во сесијата за реконструкција на митрален залисток, на која беа презентирани сите предности и недостатоци, како и принципите и техниките за изведување на оваа сложена интервенција. Учеството на овој конгрес е уште една потврда дека „Аџибадем Систина“ е секогаш во тек со најновите достигнувања и трендови во медицината.