fbpx

Презентација на „Аџибадем Систина“ на конгрес на Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување

14.11.2019

Sestri kongres anestezija

Сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ присуствуваа на 6. конгрес што го организира Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување. На конгресот, на кој учествуваа и сестри и доктори од странство, „Аџибадем Систина“ имаше свое предавање кое го презентираше Андроники Бибовска – медицинска сестра за едукации. Презентацијата на тема „Високоризични лекови“ предизвика доста внимание, а по предавањето низ дебата во која се вклучиле повеќе присутни се презентирани високите стандарди кои ги практикува болницата.

На конгресот учествуваше главната сестра во болницата Билјана Дилевска и сестрите Марина Николовска, Јелена Златиќ Стоилов, Габриела Китевска, Магдалена Митевска и Катерина Ѓорѓевиќ. Сестра Андроники вели дека „Аџибадем Систина“ има работна практика која ги задоволува највисоките стандарди во анестезиологијата.

„Чест и задоволство беше медицински сестри да настапат на докторски конгрес и да се презентира тема пред аудиториум кој се смета за врв во анестезиолошката професија. Споделивме работна практика која за ‘Аџибадем Систина’ е секојдневна пракса, а како процедура за работа беше позитивно прифатена од слушателите. Во текот на дискусијата пробавме на колегите од установите низ Македонија да им објасниме дека високите критериуми и почитувањето на строго дефинирани процедури се од најголема важност за безбедноста на пациентите, што е наша мисија во работата“, вели Андроники Бибовска.

Конгресот се одржа од 24 до 27 октомври годинава.