fbpx

ПРАКТИЧНА НАСТАВА ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY

13.04.2022

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја започна соработката со International Balkan University (IBU) и Факултетот за медицински сестри и акушерки. Студентите од овој универзитет ја започнаа практичната настава во „Аџибадем Систина“ и во наредниот период ќе ги запознаат највисоките стандарди за нега и грижа за пациенти.

Медицинскиот директор на болницата д-р мед. науки Жарко Христовски, главната сестра на болницата Билјана Дилевска и директорката на секторот за човечки ресурси Марија Капетановска пред студентите ја презентираа работата на болницата и ги запознаа со стандардите кои секојдневно се практикуваат. Во следните неколку недели студените од IBU ќе има можност да извршуваат практична настава на Одделите за гинекологија и акушерство, педијатрија, адултна кардиохирургија, општа хирургија, тораковаскуларна хирургија и онкологија.

Проектот со International Balkan University (IBU) започна минатата година кога се доделија стипендии за најдобрите матуранти за студии во соработка со престижниот Универзитет „Аџибадем“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“.