fbpx

ПО ПОВЕЌЕ ОД 22 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, СЕСТРА ЛИЛЕ ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА

15.11.2023

Со повеќе од 45-годишно работно искуство зад себе, а повеќе од 22 години како медицинска сестра во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со широка насмевка и топли прегратки нашата медицинска сестра од Одделот за гинекологија и акушерство, Лилјана Цветановска, си заминува во пензија. Она што најмногу ќе ѝ недостига е убавата дружба, но заминува со најубави спомени. За Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вели дека е врвна клиника, со вистински професионалци и одлични услови за работа.

S Lile penzija

„Многу сум благодарна и среќна што бев дел од тимот на ‘Аџибадем Систина’ уште од самите почетоци на болницата. Тука се работи тимски и со добри, вредни професионалци, доктори и сестри, моите колешки и сите други вработени. Му благодарам и на менаџментот за дадената можност и доверба сите овие години да сум дел од овој тим“, вели Цветановска.

S Lile penzija

Колешките од Одделот за гинекологија и акушерство ја испратија Лилјана Цветановска и ѝ посакаа среќни и долговечни пензионерски денови.