fbpx

ПО 4 ГОДИНИ НЕИЗВЕСНОСТ, МИЛИЦА ПОВТОРНО МОЖЕ ДА ОДИ НА УЧИЛИШТЕ

10.03.2020

josifovski milica

М-Р Д-Р ЈОСИФОВСКИ СТАВИ КРАЈ НА АГОНИЈАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ИВКОВИЌ

Скратена детска игра, многу пропуштени училишни часови. Вакво било секојдневиeто на четиринаесетгодишната Милица Ивковиќ од Србија, која поради својата здравствена состојба не одела во училиште речиси 4 години. Нејзините родители скршени од болка го гледале своето чедо како секојдневно има дигестивни проблеми и ја намалува телесната тежина. Додека нејзините другари и другарки посетувале училиште, таа седела дома и се борела со честите болки во стомакот. Симптомите биле толку силни што не можела да посетува настава.

СЕКАДЕ ПРЕТПОСТАВКИ, НИКАДЕ ДИЈАГНОЗА

Долгогодишната сага и голем број анализи и испитувања, макотрпно чекање во амбулантските ходници, погрешни дијагнози. Четири години неизвесност, над 200 клизми за кревкиот детски организам, препознатливо бледило на детското лице и изгубени килограми. „Нашиот проблем почна во 2015 година. Милица почна зачестено да повраќа и имаше проблеми со перистатилката на цревата. Нормално, како и секој родител, сакавме нашето дете да го прегледа најдобриот доктор кој се занимава со оваа проблематика. Посетивме многу клиники, но никаде не најдовме конечно решение. Велеа дека е алергична на глутен, дека не јаде доволно овошје, но никој не постави дијагноза. Милица немаше столица по 3 месеци, по првата операција во ноември 2017 година, проблемот се реши, но за кратко. И потоа повторно истите проблеми. Докторите ни сугерираа целосно отстранување на дебелото црево, што за нас беше незамисливо“, објаснува Саша, таткото на Милица.

josifovski semejstvo

ЗА ПРВПАТ КАКО РОДИТЕЛИ НЕМАВМЕ СОМНЕЖИ ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Саша со солзи на очите објаснува дека како родител воопшто не му било лесно кога докторите му велеле дека треба да се направи операција. На секое испитување оделе со надеж дека ќе биде последно и дека конечно ќе се постави конечна дијагноза, ќе се даде соодветна терапија која ќе значи крај на нејзините маки. Но надежта траела сè дури се вратат дома, кога повторно почнувале проблемите на Милица. „Најлошото од сè е тоа што докторите во нашата земја категорично велеа не за операција. Имаше моменти кога моето дете го праќаа на психијатар, велејќи дека проблемот е во нејзината глава. Се вративме дома, неподготвени за операција. Милица повторно ја хоспитализираа и така почна нашиот пекол. Три месеци лежеше на клиника, а за тоа време докторите не преземаа ништо, даваа само клизма. Секој ден истата терапија, над 200 клизми во малиот кревок организам, а без решение. За ‘Аџибадем Систина’ дознавме сосема случајно, па прво закажавме преглед кај гастроентерохепатолог, а тој нè препрати кај дигестивен хирург. Му благодариме на Бога што во април 2018 година ни поврза со м-р д-р Тoни Јосифовски, перфектен хирург и вистински професионалец. Тој уште при првиот преглед препорача оперативен зафат. Ни велеше вие може да доаѓате на контроли и консултации уште многу пати, но оваа состојба се решава само со операција“- ни раскажа Саша.

МИЛИЦА Е НАШИОТ СВЕТ, А ВИЕ ГО СПАСИВТЕ НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ

„Бевме решени и подготвени за нова интервенција. Знаевме дека д-р Јосифовски е докторот кој знае што да направи. Животот на нашето дете го дадовме во неговите раце. Бевме сигурни дека тој е докторот кој ќе го излечи нашето дете. По кратко време следуваше уште една сложена операција кај нашата Милица, поради вродената болест на дебелото црево“ – објаснува Саша. За среќа, сè поминало во најдобар ред и младото и кревко девојче денес со насмевка на лицето доаѓа на контролен лекарски преглед. Состојбата значително се подобрувала, постепено почнала да се враќа на секојдневните обврски, а семејството Ивковиќ е пресреќно што повторно гледа насмевка на лицето на својата ќерка.

josifovski milica

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ РАБОТИ НАЈДОБРИОТ И НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН ПЕРСОНАЛ

Медицинските сестри на чело со сестра Светле и целиот болничкиот кадар, исто така, покажале висока професионалност и одговорност во вршењето на свои – те работни задачи кон Милица. Нејзините родители објаснуваат дека се грижеле за нивната ќерка со голема внимателност и љубезност. „Им благодариме и на сестра Светле и на д-р Аврамовски, кој иако не ја оперираше Милица, за цело време додека бевме во ‘Аџибадем Систина’ ни беа голема под – дршка. Нашето дете по операцијата почна редовно да се испразнува, не повраќа, јаде нормално и има гасови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на ‘Аџибадем Систина’, предводен од д-р Јосифовски, за сè што направи изминатата година за мојата ќерка. Таа сега се чувствува одлично. Милица е нашиот свет, а вие го спасивте нејзиниот живот! Бескрајно сме ви благодарни што ја спасивте. Најголема радост за нас како родители е тоа што повеќе не ја гледаме Милица како се измачува со стомачните проблеми. Сега повторно има насмев – ка на лицето. Преблагодарни сме што го избравме овој лекар кој стави крај на нашето кошмарно искушение. Патот низ кој поминавме беше исполнет со многу не – извесност и солзи. Среќни сме што не дозволивме да ѝ се отстрани целото дебело црево на Милица. Би са – кал на сите да им порачам дека со ваков тим хирурзи во својот состав никој не треба да се грижи. Неговата професионалност и посветеност даде плод. Милица сега се чувствува одлично и полека се враќа на секојдневните активности. Проблемите со кои се соочувала повеќе од 4 години, сега се минато. Ќе продолжи да оди на училиште без страв од здравствените проблеми, ќе продолжи да ужива во тинејџерските денови и да другарува со своите врсници.