fbpx

Одржан стручен состанок на тема „Мускулни дистрофии“

20.09.2019

AcibademSistina Muskulni Distrofii

Во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, под мотото Живот, сила и самостојност  се одржа стручен состанок на тема „Мускулни дистрофии“.  На состанокот присуствуваа околу 100 доктори педијатри кои ги споделија своите искуства и знаења за вродените заболувања кои ја засегаат моторната функција на телото.

Пред почетокот присутните ги поздрави д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за детски болести, кој ги спомена сите предвидени активности и настани за месец септември (бесплатни прегледи, стручен симпозиум, заедничко дружење со дечињата). Прва свое излагање имаше д-р Наталија Ангелкова, педијатар-невролог, која ги презентираше најновите можности за  дијагноза и следење, со посебен акцент на третманот на овие заболувања. Со своја презентација се претстави и д-р Светлана Крстевска-Блажевска, педијатар-кардиолог,  која зборуваше за инволвираноста на срцето кај пациентите со мускулни дистрофии. Д-р Радица Муратовска-Делимитова, педијатар-неонатолог, на крајот на присутните доктори им објаснуваше за проценката и поддршката на респиратораната функција кај деца со мускулни дистрофии.

Состанокот беше акредитиран од страна на Лекарската комора на Република Северна Македонија  и  е дел од низата настани и активности кои Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го организира по повод одбележувањето на  месецот на мускулни дистрофии.