fbpx

НОВОГОДИШНИТЕ БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

01.01.2024

Новогодишните празници се период кога сите се понесени од магијата на подароците, а нашите пациентки од Одделот за гинекологија и акушерство на првиот ден од новата 2024 година ги добија најубавите подароци.
Својата радост не ја криеше Ивана Димитровски, која со солзи радосници го дочека својот новогодишен подарок, и тоа лично врачен од Дедо Мраз. Преслаткиот Тодор е трета среќа во семејството Димитриевски.
Им честитаме на семејствата кои во новата година зачекорија со нови членови и упатуваме огромна благодарност до целиот персонал на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој неуморно и посветено се грижеше за здравјето на пациентите за време на новогодишната ноќ.
Со задоволство ги споделуваме фотографиите од нашите новогодишни бебиња и атмосферата од одделот на кој се доживуваат најубавите моменти.

IMG