fbpx

НАЈНОВИ ИСКУСТВА ВО ТРЕТМАНОТ НА МУСКУЛНО-СКЕЛЕТНА ПАТОЛОГИЈА

07.11.2023
b

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СТРУЧНИОТ СОСТАНОК НА МАДОТ

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во соработка со Македонското здружение на ортопеди и трауматолози, беше дел од организаторите на стручниот состанок на тема: „Ортобиологијата и регенеративната медицина: Напредна терапија во мускулно-скелетна патологија“. Состанокот што се одржа во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го следеа над 150 специјалисти ортопеди, трауматолози и физијатри. Со поздравен говор настанот го отвори и го модерираше проф. д-р Виктор Камнар, ортопед од „Аџибадем Систина“, кој е и претседател на Македонското здружение на ортопеди и трауматолози.

Присутните имаат прилика да слушнат за искуствата од примената на современата терапија во третманот на мускулно-скелетната патологија од страна на експерти од земјава и регионот. Современ пристап во третман на спортски повреди со кондициониран автологен серум, клиничка примена на матични клетки од коскена срцевина во ортопедската хирургија, примена на PRP во менаџирање на болка – практично искуство се дел од темите што беа пренесени пред стручната јавност. Предавач од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше д-р Михајло Ивановски, трауматолог, кој ги пренесе искуствата во третманот на спортски повреди со плазма богата со тромбоцити (PRP).

b

Покрај стручните предавања, на состанокот се изведе и демонстрација во живо на апликација на PLASMO gen PRP на колк и колено.

Како болница што се залага за унапредување на едукацијата и размена на искуства, ни претставува чест што бевме домаќини на овој настан.