fbpx

НАЈХУМАНИТЕ ДОНИРАА КРВ – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

28.02.2024

На 27 и 28 февруари во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржаа две крводителски акции, организирани во соработка со општинската организација Црвен крст-Карпош и Институт за трансфузиона медицна.
За време на двата дена беа дарувани вкупно 189 единици крв.
Се гордееме што акцијата во овие два дена наиде на голем одзив, целиот медицински и помошен персонал ја покажа својата хуманост на дело, а меѓу вработените имаше и крводарители кои се вистински рекордери и кои зад себе имаат и над 20 дарувања.
Првата краводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е организирана во 2010 година.