fbpx

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ „МАЛА БОГОРОДИЦА СИСТИНА“

15.02.2021

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од отворањето на првата специјална болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“ реализираa уште една крводарителска акција.

Во оваа крводарителска акција беа дарувани над 80 единици крв, а поради големиот интерес и одзив од страна на вработените во „Аџибадем Систина“ најавена е уште една акција, која ќе се реализира на 18 февруари.

За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Крводарителите беа поделени во повеќе групи со цел одржување физичко растојание и задолжително носеа лична заштита.