fbpx

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница од Црвен крст на општина Карпош

20.03.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница за посебен придонес од Црвен крст на општина Карпош. Признанието лично го додели градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, а во име на болницата признанието го поддигна Александар Стојковски од Одделот за квалитет.

Црвениот крст на општина Карпош традиционално секоја година доделува признанија со кои им се признава придонесот во дарување крв на хуманитарните граѓани и компаниите што се вклучуваат во крводарителските акции. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е активен учесник во повеќе хуманитарни акции, а крводарителските се секогаш со приоритет. Досега се организирани седум крводарителски акции. Мисијата е како општествено одговорна компанија да се фокусира најмногу на хуманитарни настани во општеството. Градоначалникот на општина Карпош на настанот им додели  благодарници на оние хумани граѓани кои во изминатата година дарувале крв по 50. Пат, 75. пат или по 100. пат.

Освен на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, благодарници за особен придонес им беа врачени и на Факултетот за информатички науки и технологии (ФИНКИ), како и на МПЦ – Скопска епархија.

„Аџибадем Систина“ како и во минатото така и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна компанија која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани во општеството.