fbpx

Јавни здравствени организации низ светот сами си купуваат тестови за антитела за да го тестираат персоналот од коронавирус

11.05.2020

Јавни здравствени организации низ светот решија да купат тестови за антитела на коронавирус од странство со цел да ги вратат своите вработени на работното место, откако длабоко се разочараа од доцнењето на владата да им обезбеди тестови.

Пет јавни здравствени организации во Англија се во преговори со холандската фирма „Биозек медикал“ за да купат илјадници брз тестови кои се прават преку крв од прст и дијагноза се добива за неколку минути.

Илјадници тестови веќе се искористени кај вработени во јавни здравствени организации во Лондон, Манчестер и Лестер бидејќи болниците се соочуваат со огромна побарувачка во време кога една петтина од работниците се дома болни.

Стоматолошка ординација во Лондон им го нуди тестот на антитела на „Биозек“, за којшто неговите производители тврдат дека е 96 до 98 проценти прецизен, на клиенти коишто сакаат да си ја испитаат крвта по цена од 99 фунти.

Британија заостанува зад другите држави од светот кога станува збор за испитување на антитела, додека поголем дел земји од Европа, САД и Азија лансираат испитувања од голем размер.

Властите тврдат дека тестовите кои ги испитале не се доволно прецизни за да се користат, но експертите велат дека дури и непрецизни тестови се подобри од никакви тестови бидејќи помагаат да се добие подобра слика за тоа колку луѓе се инфицирани.

Со тестовите крвта се испитува за антитела што имунолошкиот систем ги создава при заразување за да се избори со болеста.

Ако некој има антитела специфични за Ковид-19, тоа значи дека има одреден имунитет и може да се врати на работа.

Д-р Мохамед Рошан, општ лекар во Лестер и професор на Универзитетот „Де Монтфорт“, кој работи во пет здружени ординации, има тестирано околу 50 души од неговиот персонал.

dr mohamed
Тестот  на „Биозек“ денес го рекламираше стоматолошката ординација „Дејвид Сајтовиц“ на бизнис-улицата во Килбурн, северозападен Лондон, по цена од 99 фунти)

Тој вели: „Во моментов голем дел од вработените се дома, околу 10-20 проценти, можеби заразени со Ковид-19, и иако се во самоизолација, треба да знаеме дали имаат акутна инфекција или антитела во крвта, што значи дека не се веќе заразни, а овој тест ни овозможува да го провериме тоа.

Се работи за едноставен тест со земање крв од прст, а примерокот од крв се става во мала касета и резултатот се добива за 10-15 минути.

Со ова многу се забрзуваат работите бидејќи кога се зема брис тој треба да се однесе во лабораторија. Од она што го видовме, се чини дека е прецизен, а доколку е така, тој може значително да ја промени моменталната криза.“

И општи лекари во Манчестер извршија тестирање со овој тест кај околу 200 вработени во јавниот здравствен сектор.

Неделава и доктори од болницата  „Челси и Вестминстер“ во југозападен Лондон почнаа да го користат тестот за да го проверат својот медицински персонал.

Претставник на лондонската болница изјави: „Испробуваме неколку инструменти во болницата и обично не коментираме додека не оформиме мислење за нив.“

Денес е забележано дека тестот на „Биозек“ се рекламира од страна на стоматолошката ординација „Дејвид Сајтовиц“ во Килбурн, северозападен Лондон, по цена од 99 фунти.

Холандските здравствени власти почнаа да ги користат овие тестови во февруари и таму се продадени повеќе од 250.000 тестови.

Компанијата снабди повеќе од пет милиони тестови во земји како Холандија, Изразел, Индија, Кувајт, Андора и Нигерија, а во преговори е и со други европски земји, меѓу кои Франција, Шпанија и Италија.

Одобрен е од холандските здравствени власти, а сега е одобрен и од една од најголемите болници во Италија и Португалија, Македонија и Саудиска Арабија. Компанијата вели дека и Ватикан порачал 700 теста.

Тестот има CE-сертификат (како потврда дека ги исполнува здравствените и безбедносните стандарди на ЕУ за да се продава на пазарот), а минатиот месец беше одобрен од Регулаторната агенција за медицински и здравствени производи (MHRA) за да се употребува од страна на здравствени професионалци во Обединетото Кралство.

laboratorija

Компанијата се занимава со брзи тестови десет години и со одобрувања на тестови во 30 земји.

Во Холандија во моментов Министерството за одбрана го користи тестот за да изврши проценка на целиот негов персонал.

Ајрин Мајни, директор на „Дон фарма“ (Dawn Pharma), дистрибутер за „Биозек медикал“ во Обединетото Кралство, една од деветте компании кои се во преговори со Министерството за здравство, вели: „Засега преговараме со пет јавни здравствени организации, две во Лондон, две на северозапад и една во Мидлендс.

Сите нѐ исконтактираа и сакаат да склучат зделка бидејќи се разочарани од времето кое му е потребно на јавното здравство да го тестира сопствениот персонал. Нудевме бесплатно тестирање во Манчестер и Лестер како проба.“

Сепак, претставник на Министерството за здравство и социјална грижа изјави: „Тестовите за антитела на кои им беше извршена валидација не се доволно прецизни за јавно да се лансираат. Факт е и дека ниедна влада во светот сѐ уште нема изнесено комплетна програма за тестирање антитела.“

„Продолжуваме тесно да соработуваме со Обединетото Кралство и со меѓународни партнери за да произведеме сигурен тест што е можно поскоро и брзо  ги зајакнуваме националните напори за зголемување на капацитетот на тестирања, а добивме импресивен одговор од компаниите кои сакаат да помогнат.

Министерството за здравство и социјална грижа оформи нов деловен конзорциум, Конзорциум за брзи тестови на Обединетото Кралство, во кој се опфатени оксфордскиот универзитет и голем број приватни фирми кои заедно работат за да дизајнираат и развијат нов тест на антитела.“

Извор https://www.dailymail.co.uk

https://www.dailymail.co.uk/news/article-8250133/NHS-trusts-buy-antibody-kits-Dutch-firm-test-staff.html