fbpx

ИЗВЕСТУВАЊЕ

27.02.2020

Поради актуелната ситуација со коронавирусот Kовид-19, а во насока на  превенција, заштита и безбедност на пациентите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува посебен протокол на движење при посета на болницата.
Ве молиме, почитувајте ги следните превентивни препораки:

  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено
  • Задолжително носете заштитна маска при влез во болницата
  • Посетата на пациентите се ограничува на само еден посетител во дадено време
  • Време на посета: 10:00 – 12:00 часот; 16:00 – 18:00 часот
  • Препорачуваме во посета да не доаѓаат бремени жени и деца
  • Влезот во болницата е ограничен и се одвива само преку Влез А и Ургентен центар
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција
  • Одржувајте добри практики за лична хигиена

Клиничката болница „Аџибадем Систина“  има полн капацитет да врши тестирање за детекција на коронавирусот, но ги почитува препораките на Министерството за здравство и добрата клиничка пракса и, соодветно на тоа, референтни анализи и тестови за детекција на вирусот не се вршат во болницата.