fbpx

Искуства и знаења од докторите во „Аџибадем Систина“ за студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“

14.05.2019

Треба да вложуваме во помладите – преносот на знаење е клучен за сите генерации. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ несебично го делат своето искуство со студентите. Дел од нашите специјалисти учествуваа активно и годинава на Вториот студентски конгрес на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. На конгресот, на кој присуствуваа многу студенти, биле одржани околу 100 постер-презентации и 30 презентации.  Д-р Џенгис Јашар, кој беше координатор на настанот, вели дека младите покажале голем ентузијазам, а секој од нив дал голем влог на конгресот. Темата на конгресот оваа година беше „Што значи медицината, ако умираме сите“, а „Аџибадем Систина“ беше силен организациски партнер и спонзор.

„Нашата болница беше во позадина на целата организација и навистина е добро што помогнавме. Ќе искористам дел од предавањето на проф. д-р Угриновски, кој кажа дека ние треба да вложуваме во помладите зашто тие еден ден ќе треба да нè лекуваат. Ќе дејствуваат како што ќе ги научиме“, вели д-р Јашар.

Истакнува дека му е драго што на конгресот присуствуваа нашите познати специјалисти, проф. д-р Јовица Угриновски, д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, доц. д-р Вања Филиповски, д-р Катерина Кубелка-Сабит, д-р Иван Трајков, д-р Дејан Ковачевиќ и лаборантски  техничар  Весна Ордевска.

„Присуствува докажани специјалисти и направивме голем чекор да се доближиме до студентите за да направиме еден пресек за тоа колку сме си потребени едни на други.  Особено во услови кога голем кадар, и тоа млад кадар, се иселува, ние мора нешто да преземеме за да ги задржиме. Да им овозможиме да се стекнат со добро искуство и да се надеваме дека тие млади студенти ќе можат да најдат место во нашата болница“, вели д-р Јашар.

Секој од докторите кои учествуваа доби благодарница за учество, а д-р Јашар благодарница за координатор и организатор. За него, вели, тоа е и голема одговорност.

Благодарница беше доделена и за КБ „Аџибадме Систина” за реализација и учество на вториот конгрес.

Вториот конгрес на студенти по општа медицина се одржа на 9 и 10 мај на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.