fbpx

Ѓунсој: Коронакризата значајно не погоди, ама Аџибадем Систина ги задржа сите 1.000 вработени

25.05.2020

AcibademSistina r

Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’ ги исполува сите услови кои беа предвидени за мерката Субвенционирање на придонесите за вработени и затоа е дел од поддршката, велат од менаџментот на болницата. Главниот извршен директор Ѓун Ѓунсој вели дека имаат право како и сите компании кои биле погодени, да аплицираат и да добијат парична помош. Додава дека болницата има околу 1.000 вработени и во време на кризата кога приходите биле намалени за повеќе од 70 отсто не отпуштиле ниту еден вработен.  Во болницата во исто време, имало намален интензитет на работа, со екстремно зголемени трошоци за медицински средства и опрема кои се зголемиле за над 300 отсто.

„Во 2019 година Аџибадем Систина уплати за своите 972 вработени на име придонеси од плата во буџетот на Македонија 4.480.000 евра и исплати плата во бруто износ од 18.748.000 евра или просечно по работник нето 1.105 евра, што не прави најодговорна приватна компанија во РМ. А притоа од целокупниот приход Фондот за здравство учествуваше со 16,7 проценти. Во секоја компанија секој еден вработен е подеднакво значаен и зачувувањето на едно работно место без разлика дали е во мала или голема компанија е подеднаков успех во овие услови. Целта на овие мерки е да се преземат вистинските чекори кои на приватните оператори и работодавци, ќе им дадат значајна поддршка во надминувањето на оваа криза, од која без разлика на големината, сите сме подеднакво погодени. Аџибадем Систина се вклучи во обезбедување на помош и до вчера реализираше 9.120 бесплатни карантин ноќевања за македонските граѓани кој се вратија од странство, вели Ѓунсој.

Дел од медиумите објавија викендов дека меѓу компаниите кои добиле субвенции за придонесите на вработените е и Аџибадем Систина, но и некои други поголеми компании, меѓу кои и странскии нвеститори.