fbpx

ГИНЕКОЛОЗИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПРЕДАВАЊА НА СИМПОЗИУМОТ „ЕНДОСКОПИЈА ВО АКУШЕРИЈА И ГИНЕКОЛОГИЈА“

06.03.2024

Со предавањето на тема „Трансабдоминален цервикален серклаж – индикации, оперативни техники и акушерски исходи“, д-р Никола Панчевски, д-р Бобан Сарџовски и проф. д-р Глигор Димитров ја претставија Клиничка болница „Аџибадем Систина“ на симпозиумот „Ендоскопија во опстетрикс и гинекологија“. На голем интерес наиде и стручното предавање на д-р. мед. науки Никола Баџаков, кој зборуваше на темата „Ултразвук и лапароскопска фаза во гинеколошка онкологија“.

Симпозиумот со меѓународно учество на тема – „Ендоскопија во акушеријата и гинекологија“ беше во организација на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Македонската асоцијација за фетална медицина, Македонското здружение за ендометриоза и Македонското здружение на гинеколози ендоскописти.

Покрај поканетите предавачи, симпозиумот го посетија голем дел од докторите од одделите за гинекологија и акушерија и за асистирана репродукција од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.