fbpx

ДВАЈЦА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ УСПЕШНО ГО ЗАВРШИЈА ТУРНУСОТ НА ОДДЕЛОТ ЗА КАРДИОХИРУРШКА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

21.03.2024

Д-р Ана Мицевска и д-р Коста Замановски се специјализанти по анестезија, кои го завршија турнусот по кардиоанестезија на Одделот за кардиохируршка интензивна нега во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За време на овој турнус, специјализантите имаа можност да ги совладаат знаењата и вештините предвидени со планот и програмата за специјализации под надзор на прим. д-р Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување како нивен едукатор.

Прим. д-р Бети Костадиновска-Јорданоска вели дека за време на спроведувањето на турнусот на Oдделот за кардиохируршка интензивна нега специјализантите имаа можност да се запознаат со улогата на анестезиологот во  предоперативна подготовка на секој пациент, за време на операција и следење на пациентите во постоперативниот период.

Objava

„За време на нивниот престој на нашиот оддел, специјализантите се запознаа со улогата на анестезиологот во  предоперативната подготовка на секој пациент. Зедоа активно учество во предоперативната анестезиолошка проценка на секој пациент. Исто така, се запознаа и зедоа активно учество во подготовка и следење  на пациентите за време на кардиохируршка операција.  Тие се  запознаа со  специфичностите на анестезијата за ваков тип операции и со индивидуалниот пристап кон секој пациент и планирање на самата анестезија во зависност од возраста, типот на операција и придружните коморбидитети. Видоа колку е битна улогата на анестезиологот за време на самата операција и  колку е битно  анестезиологот навремено да реагира  при акутни и непредвидени ситуации. Исто така, зедоа активно учество во следење на пациентите за време на нивниот престој во Единицата за интензивна нега и Одделот за кардиохирургија сѐ до нивниот отпуст“, вели д-р Костадиновска-Јорданоска.  

Специјализантите ја изразија својата благодарност за понудената можност турнусот да го реализираат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Најголем предизвик за нас како специјализанти е усовршување на досега стекнатото знаење и негово надградување. Благодарност до целиот тим на Одделот за кардиохирургија при ’Аџибадем Систина’ под раководство на проф. д-р Александар Николиќ, како и на врвниот тим анестезиолози на чело со нашиот едукатор прим. д-р Бети Костадиновска-Јорданоска, за безусловното споделување на своето знаење и искуство со нас во текот на изминативе два месеца. Благодарни сме на ФМН УГД Штип за ваквата понудена можност. Полни со мотивација, продолжуваме кон нови предизвици“, велат д-р Ана Мицевска и д-р Коста Замановски, специјализанти по анестезија.