fbpx

ДОКТОРИТЕ ОД “АЏИБАДЕМ СИСТИНА” СО ПРЕДАВАЊА НА СИМПОЗИУМОТ „НЕОНАТОЛОШКИ ДЕНОВИ“

24.10.2023
x Kolaz

На 19 и 20 октомври во Скопје се одржа симпозиум „Неонатолошки денови – Јубилеен собир на неонатолози на РСМ“ на кој присуствуваа над 100 педијатри и неонатолози од нашата земја. Годинешниот собир беше посветен на 30 години од формирањето на Здружението на неонатолози на Македонија.
Симпозиумот беше поделен во 6 тематски единици (респираторни проблеми во неонатологијата, грижа на новороденото, исхрана, вакцини, неонатални инфекции и скрининзи) и беа изнесени најновите сознанија и искуства од областа на неонатологијата од страна на 18 предавачи. Покрај научниот сегмент и споделувањето искуства, се зборуваше и за изнаоѓање на начини за подобрување на соработката помеѓу медицинските центри во земјава.
На „Неонатолошките денови“ од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учество со свои теми зедоа нашите доктори: д-р Антони Христовски, д-р Радица Муратовска-Делимитова, доц. д-р Наташа Најдановска-Алулоска и прим. д-р Душко Фидановски. Презентациите со нивните искуства и сознанија наидоа на голем интерес и предизвикаа плодни дискусии од страна на учесниците.