fbpx

ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ КАКО ПРЕДАВАЧИ И ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРВИОТ „ПОЛИТРАУМА КУРС“

12.06.2023

На 8 и 9 јуни во Скопје се одржа првиот „Политраума курс“ со меѓународно учество, кој има за цел да го комбинира знаењето на општите хирурзи, трауматолози, ортопеди, неврохирурзи, интензивисти, физијатри… Курсот го покрива комплетниот третман на политрауматизиран пациент (прва помош, ургентен центар, интензивно лекување, третман на хируршки оддел, рехабилитација), а беа вклучени предавања, дискусии на случаи и практични вежби. Меѓу предавачите беа експерти од Швајцарија, Германија, САД, Израел, Албанија. Курсот е сертифициран, воден од интернационална група експерти.

politrauma

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ беше вклучена во организацијата на курсот со четворица предавачи, проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска (хирурзи трауматолози), доц. д-р Дарко Саздов (анестезиолог интензивист) и д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ (физијатар). Нивното искуство во третманот на најтешките пациенти, политрауматизираните, придонесе да се постигне целта на курсот, да се потенцираат приоритетите и важноста на мултидисциплинарниот пристап. Со прикажаните резултати се докажа дека болницата ги следи светските протоколи во третманот на политрауматизираните пациенти, со статистички успех во преживувањето и успехот од третманот еднаков на најголемите траума-центри во Европа и светот. Неоспорно е водството на еден од најискусните трауматолози во државата, проф. д-р Јордан Савески, кој со своето повеќедецениско искуство во третман на најтешко повредените пациенти, успева да ги намали морталитетот и морбидитетот, главната цел на лекувањето на политрауматизираните.