fbpx

ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД 7. МАКЕДОНСКИ КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

12.10.2023

Од 5 до 8 октомври во Охрид се одржа 7. Македонски кардиолошки конгрес, каде што беа опфатени сите области и теми од кардиологијата и кардиоваскуларната медицина, како и коронарната и периферната артериска болест, срцевата слабост, болестите на срцевите залистоци, артериската хипертензија, венските циркулаторни заболувања, срцевите аритмии, но и нивното лекување.

slika ohrid kongres


Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој значаен конгрес од Одделот за кардиологија учествуваа: прим. м-р Слободан Антов, д-р мед. науки Жарко Христовски, д-р Иван Трајков, д-р Дејан Ковачевиќ, д-р Златана Петковска и д-р Горјан Крстевски.
Со презентации на конгресот се претставија: д-р Антов на тема „Поставување на вена кава- филтер кај млада пациентка со длабока венска тромбоза, како компликација по гинеколошка хируршка интервенција” и д-р Христовски на тема „Ектопично позиционирање на протеза-компликација при транскатетерска имплантација на аортна валвула кај пациент во деветта декада од животот“.
Посебен акцент на овој конгрес беше ставен на новите водичи од Европското здружение по кардиологија