fbpx

ДОКТОРИ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ПРЕДАВАЧИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ КОНГРЕС НА РАДИОЛОЗИ

21.11.2023

Медицинскиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од 7. Национален конгрес на радиолози со меѓународно учество. Стручниот настан содржеше 17 научни сесии со домашни и странски предавачи, кои ги презентираа најновите сознанија во развојот на дијагностичката и интервентната радиологија и беа споделени искуства од секојдневната работа со пациентите од референтните медицински центри од земјава и во светски рамки.

Со поздравен говор, конгресот официјално го отвори доц. д-р Александар Ѓорески, радиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој воедно е и претседател на Асоцијацијата на радиолози. Покрај него, со стручни излагања од „Аџибадем Систина“ учествуваа и: д-р Маја Стојчевска-Чапова, радиолог, доц. д-р Менка Лазареска, радиолог, д-р Јасна Бушиноска, анестезиолог, проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог, д-р Јасминка Јошева, радиолог, д-р Митко Илиевски, радиолог, проф. д-р Игор Кафтанџиев, трауматолог и медицински директор на „Аџибадем Систина“, д-р Дева Петрова, онколог, д-р мед. науки Миленко Костов, неврохирург., д-р Изабела Божиновска, радиолог и д-р Дејан Танески, специјализант по радиологија. Како модератори на сесиите од нашиот медицински тим учествуваa: проф. д-р Андреја Арсовски, граден хирург и д-р Владимир Аврамовски, абдоминален хирург и проф. д-р Кирил Лозанче, неврохирург.

Учеството на голем број медицински претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во презентирање на нови научни сознанија е уште еден доказ за заложбата на болницата за воведување на нови современи методи во третманот на пациентите, како и во едукација и споделување на нови искуства.