fbpx

ДОКАЗ ЗА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ВРАБОТЕНИТЕ: „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОБИ НАГРАДА ЗА  НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ МЕЃУ ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ

28.04.2023

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавец во категоријата приватни болници, која ја додели Vrabotuvanje.com.mk . Оваа интернет-страница за пребарување на работни места ја организира манифестацијата за најпосакувани работодавци, одбележувајќи со тоа 20 години од основањето, а награди добија компании што биле најпривлечни за вработување во текот на минатата година во повеќе категории.

CAN

Наградата за најпосакуван работодавец за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е уште една потврда дека станува збор за здравствена установа што е препознаена меѓу пациентите, но и кај вработените. Болницата нуди врвни здравствени услуги според највисоки стандарди. Во „Аџибадем Систина“ работат над 1100 вработени. Станува збор за стручен медицински и немедицински персонал, кој во болницата добива можност да работи во одлични услови и да се доусовршува.

CAN Enhanced NR

Во име на болницата наградата ја примија Елиф Акан – заменик главен извршен директор на „Аџибадем Систина“ и Марија Капетановска – директор за човечки ресурси.

Изборот за наградата е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.

Оваа награда „Аџибадем Систина“ ја добива во година во која слави 13 години постоење. Толку време зад овој бренд стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Довербата ја поттикнуваат над 150 000 хируршки интервенции, 1 400 000 прегледи, повеќе од милион задоволни пациенти од земјава и регионот.

CAN Enhanced NR

Во болницата работи тим од над 200 лекари специјалисти и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.