fbpx

Детската кардиохирургија на „Аџибадем Систина“ доби акредитација по JCI-стандарди – Златниот печат потврда за светски практики и квалитет

24.02.2021

Детската кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно се акредитираше по JCI-стандарди. Самата акредитација значи сериозна потврда дека болницата гарантира висока и квалитетна здравствена нега, дека е подготвена за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и дека е безбедна за пациентите и за персоналот. Процесот, кој е долг и сеопфатен, траеше во текот на февруари, и тоа во специфични услови, во време на пандемија. Претходно и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има акредитација на JCI-стандардот која минатата година беше повторно успешно потврдена. Доц. д-р Владимир Чадиковски, шеф на Одделот на детската кардиохирургија, детски кардиохирург вели дека добивањето на акредитацијата на JCI е потврда на системскиот начин на работа, доказ дека светските стандарди  и безбедноста на пациентот се врвни приоритети на овој оддел, како и на целата клиничка болница.

Процесот на акредитација впрочем не е само денот на контролата туку практично станува збор за неколкумесечни интензивни подготовки, учење и зацврстување и унапредување на воспоставените практики на врвна безбедност  на пациентот, безбедно давање лекови, добра комуникација меѓу персоналот и со пациентите, уредна медицинска документација. Тоа се врвни приоритети и уредно се применуваат во детската кардиохирургија каде се работи со особено ранлива категорија пациенти.

AcibademSistina

„Првпат во историјата на македонската кардиохирурија детската кардиохирургија ќе биде препознаена како акредитиран центар за третман на децата со вродени срцеви мани исполнувајќи ги сите светски стандарди, како што се  кадар, инфраструктура, опрема, и тоа со една цел – најдобра здравствена грижа за нашите деца. Поседувањето на овој тип престижна акредитација за секоја болница е знак на препознавање, без оглед во која земја се наоѓа. Тоа е за пациентот, а во нашиот случај за родителот, гаранција дека ќе добие врвна услуга по светски стандарди “, вели  доц. д-р Владимир Чадиковски, кардиохирург.

Впрочем, акредитацијата на JCI заедно со систематскиот пристап на тимот вклучени професионалци ја креира тежината на овој оддел – единствен во земјата и во регионот од ваков тип.

Добивањето на JCI-сертификатот инаку е долг процес кој вклучува длабинска анализа на работењето на болницата, потреба да се исполнат зададени критериуми кои се поврзани со безбедноста на пациентот и квалитетот на медицинската грижа. Во процесот на акредитација беше несебично беше вклучен сиот персонал на болницата кои секако ги создаваат основните постулати на работењето на детската кардиохирургија.

„Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ единствена во нашата земја нуди згрижување на овие комплексни пациенти, а работиме со мултидисциплинарен пристап. Во лекувањето на пациентите е вклучен голем тим на доктори од различни профили – педијатриски кардиохирург, педијатриски специјалисти од сите области, педијатриски анестезиолози, кардиолози, педијатриски радиолози, дополнително поддржан од искусните универзитетски професори од болниците на Аџибадем во Истанбул од областа на педијатриската интервентна кардиологија и кардиохирургија“,  вели д-р Ведран Стојановиќ специјалист по педијатрија.

detska kardiohirurgija

Стандардизацијата се одвиваше виртуелно,  што значи дека сите активности се одвиваа со видео и аудио технологија  преку zoom (зум) платформата.

„Ревизорот преку видеоинтервју со персоналот  и раководството, инспекција на физичката средина, контрола на комплетната документација, медицинските досиеја и досиејата на вработените, допре до секој дел на Одделот за детска кардиохирургија и направи комплетна евалуација на ефективноста на системот на безбедна и квалитетна здравствена заштита. Целокупната документација поврзана со стандардите и очекувањата на новото, седмо издание на JCI-стандардизација беше уредно поставен во директниот контакт на страната на JCI (Joint Commission International) две недели пред потврдениот датум за акредитација“, вели Милена Буџаровска, менаџер за квалитет.

Додава дека како дополнителен момент, од страна на ЈCI, беше побарано да се презентира влијанието на пандемијата со COVID-19 врз работниот процес во Клиничката болница “Аџибадем Систина” и тоа од секој аспект  – процедурален, менаџерски и како исход. Буџаровска вели дека коментарот на ревизорот бил позитивен и одушевувачки односно дека се применува детален пристап кон сите фактори на работење со решенија , врз основа на добра проценка на предвидени ризици со исход.

Комисијата за стандардизација повторно го додели златниот печат, за „Аџибадем Систина“, овој пат за Одделот за детска кардиохирургија за континуирана стандардизација и посветеност кон безбедна и квалитетна здравствена заштита.