fbpx

ДЕДО МРАЗ ВО ПОСЕТА НА ОДДЕЛОТ ЗА ПЕДИЈАТРИЈА

29.12.2023

На последниот работен ден од 2023 година, Дедо Мраз ги посети и дечињата од Одделот за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Многу насмевки, детски желби и силни гушкања споделија најмалите пациенти со нашиот Дедо Мраз.

За време на својата посета, Дедо Мраз ги посети дечињата што во амбулантскиот дел чекаа за преглед кај својот доктор, но и дечињата што се хоспитализирани во нашата болница. Со торба полна подароци, тој на сите им посака и добро здравје, многу насмевки и исполнување на секоја замислена желба.