fbpx

Д-Р НЕДА ТРАЈКОВСКА И Д-Р ЉУПЧО НИКОЛОВ, ДЕЛ ОД ГОЛЕМИОТ СИМПОЗИУМ SEG2023

06.12.2023

Д-р Неда Трајковска и д-р Љупчо Николов, специјалисти по трауматологија, беа претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на годишниот симпозиум SEG2023, кој на едно место ги собра најдобрите експерти по спинална хирургија од регионот. 


Симпозиумот се одржа од 30 ноември до 1 декември во Љубљана, Словенија. Според докторите, овој конгрес претставува одлична можност за нив да го споделат своето знаење и да ги разменат своите искуства, со цел  унапредување на хирургијата на ‘рбетот. 

AS Kolazh Speakers Dek


Во дел од програмата беа опфатени и најновите иновации во хируршките техники, најсовремените истражувања и новите технологии. Д-р Трајковска на SEG2023 беше поканет предавач со две предавања и ги обработи темите за стратегија на хируршкиот третман при фрактури на нестабилен горен цервикален ‘рбет, а зборуваше и на тема дали е потребен стандаризиран протокол за третман на фрактурите на остеопоротичен тораколумбален ‘рбет. Покрај предавањата, д-р Трајковска беше и  модератор на сесија, додека д-р Николов имаше претставување на случај и зборуваше за компликациите по вертебропластика, како и за дилеми во третманот на цервикална спинална стеноза.