fbpx

Д-Р МИХАЈЛО ИВАНОВСКИ, ПРЕДАВАЧ НА СЕМИНАРОТ ЗА ДОКТОРИ И ФИЗИОТЕРАПЕВТИ ШТО РАБОТАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ

08.04.2024

Викендов во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а со поддршка на УЕФА, се одржа семинар наменет за доктори и физиотерапевти што работат во македонските клубови и во нашите национални селекции.
Како дел од предавачите на овој семинар беше и д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
На дводневниот семинар што се одржа во Скопје учествуваа над 100 медицински лица, а д-р Ивановски активно зема учество во овие обуки повеќе од 10 години.