fbpx

Д-Р МЕД. НАУКИ МАЈА СТОЈЧЕВСКА-ЧАПОВА И Д-Р ИЗАБЕЛА БОЖИНОВСКА НА НАУЧЕН СОСТАНОК НА ЕВРОПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ДИЈАГНОСТИКА НА ДОЈКИ EUSOBI

05.10.2023

Oд 28 до 30 септември 2023 година во Валенсија, Шпанија се одржа Годишниот научен состанок на Европското здружение за дијагностика на дојки EUSOBI 2023. Годишниот состанок е организиран во соработка со Шпанското здружение за дијагностика на дојки, СЕДИМ (SEDIM), со активно учество на професионалци од целиот свет.

Претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој научен состанок беа: д-р мед. науки Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика и носител на EDBI (European diploma of breast imaging 2013) и д-р Изабела Божиновска, специјалист по радиологија.

На овој научен состанок во Валенсија се зборуваше на теми од областа, новите достигнувања во дијагностика на дојка, а главен акцент беше ставен на ажурирање на лексиконот БИ-РАДС (BI-RADS), сесиите за скрининг, одредување стадиум, Б3-лезии, онкологија на дојки, напредни техники на снимање за карактеризирање на лезии на дојката, вештачка интелигенција, МДТ (MDT) сесија за невообичаени случаи и пропуштени можности.