fbpx

Д-р Лирим го реши долгогодишниот проблем на малиот Владимир

04.02.2020

Со задоволство споделуваме уште една успешна приказна од нашиот мал задоволен пациент Владимир и неговото семејство.

vladimir slika

„Нашиот седумгодишен син Владимир во текот на спиењето често се гушеше, редовно имаше горнореспираторни инфекции со отежнато дишење, па постојано посетувавме доктори. По неколкугодишно талкање од врата на врата, конечно решението го најдовме кај вас и вашиот стручен и посветен тим. Од сè срце му благодариме на нашиот најдобар доктор Лирим Демири, кој со својата професионалност и прекрасен пристап нè прими и успешно ја изврши операцијата. Конечно можеме да кажеме дека проблемот се реши. Неизмерно му благодариме на докторот и неговиот тим. Вие навистина сте најдобри!“- сподели мајката на Владимир, Јасмина.