fbpx

Д-Р КОСТАДИНОВСКА-ЈОРДАНОВСКА СО СВОЕ ПРЕДАВАЊЕ НА 37. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА EACTS

06.10.2023

Од 4 до 7 октомври во Виена се одржува 37. Годишна конференција на EACTS,  најголемиот кардиоторакален кoнгрес во светот, кој е фокусиран на научен развој и истражувања во повеќе специјалности. Своја презентација на оваа конференција има прим. д-р Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, на тема „Ефект на есмолол-кардиоплегија врз нивото на тропонин и срцевото закрепнување по коронарна артериска бајпас-хирургија”.

Beti

Покрај д-р Костадиновска-Јордановска, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, претставник е и д-р Ељвис Мустафа, специјалист по кардиохирургија.

 Учеството на овој конгрес е уште една потврда дека „Аџибадем Систина“ е секогаш во тек со најновите достигнувања и трендови во медицината.