fbpx

Д-Р ЈАШАР И Д-Р КУБЕЛКА УЧЕСТВУВАА НА СИМПОЗИУМОТ „TRANSFORMING HEALTHCARE TOGETHER“ ВО ТИРАНА

19.02.2020

patolozi kongres tirana

Специјалистите по патолошка анатомија д-р Џенгис Јашар и д-р Катерина Кубелка-Сабит ја прeтставуваа Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на симпозиумот „Transforming healthcare together“, кој се одржа на 24 и 25 јануари во Тирана, Албанија, а на кој учествуваа  и предавачи од  Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Бугарија, Косово и Албанија. Улогата на овој симпозиум, вели д-р Јашар, била да се согледаат разликите и да се воведат стандардите во дијагностиката и третманот на белодробниот карцином со употребата на биомаркери во персонализираната медицина.

Овие биомаркери во нашата земја првпат се воведени во 2016 година, а Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прва која учествува во анализата на овие нови техники. Во патолошката лабораторија на „Аџибадем Систина“ беа воведени првите стандарди кои понатаму ги применија и болниците во целиот регион.

„Ние во овој временски период ги наметнавме критериумите за прецизна и ефикасна дијагностика, а на симпозиумот д-р Кубелка-Сабит ги претстави начините на дијагностика, додека од моја страна беа презентирани резултатите од испитувањата во овој временски период. Со ова уште еднаш потврдивме дека квалитетот на здравствените услуги во нашата болница, особено од областа на дијагностиката во патологијата, е во рамките на стандардите кои ги имаат и врвните болници во светот“, вели доц. д-р Јашар.

На симпозиумот учествуваа онколози, патолози и лекари од областа на здравствениот менаџмент.