fbpx

Д-р Фидановски: Нова постковидна состојба кај децата – повеќеоргански инфламаторен синдром

16.12.2020

Веќе е познато дека децата кои биле заразени со корона вирусот, самата инфекција ја поминуваат или асимптоматски или со благи симптоми на болеста, но загрижува фактот што сега докторите регистрираат една нова состојба, која се јавува кај децата две недели до еден месец, откако децата го прележале Ковид-19 или пак имале контакт со заболен.

Во своето гостување Д-р Душко Фидановски во Дневникот на Сител Телевизија објаснува за новата постковидна состојба кај децата, сериозен мултисистемски синдром кој ги напаѓа срцето, бубрезите, црниот дроб, прави згрутчување на крвта.