fbpx

Д-Р ДУШКО ФИДАНОВСКИ, ДЕЛ ОД РЕНОМИРАНИОТ КОНГРЕС ЈOINT EUROPEAN NEONATAL SOCIETIES ВО РИМ

22.09.2023

Од 18 до 23 септември во Рим се одржува 5. по ред конгрес JENS (Joint European Neonatal Societies). На конгресот оваа година учествуваат над 1500 учесници од Европа, САД, Австралија, Африка и Азија.
Претставник од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој конгрес е прим. д-р Душко Фидановски.
Околу 270 излагачи на научни трудови преку пленарни предавања, тркалезни маси и постер-презентации ги изложуваат своите научни сознанија од неколку супспецијалности на неонатологијата (интензивна нега, реанимација, исхрана, инфекции кај новородените итн.).
„На овој значаен конгрес имав презентација на редок случај на новородено со тумор на усната празнина, познат како конгенитален грануларен клеточен тумор – epulis, кој беше откриен пренатално на ехо, а беше специфичен по тоа што правеше респираторни и проблеми со исхраната, па мораше веднаш по раѓањето да биде хируршки третиран. Третманот во нашата болница, на одделот NIN беше успешно спроведен, а бараше тимски пристап во згрижувањето и поставувањето дијагноза од страна на доктори од различни специјалности (гинеколог, неонатолог, максилофацијален хирург, анестезиолог и патохистолог). Мојата презентација беше дел од сесијата за реанимација на новородено“ – изјави д-р Фидановски.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ редовно зема учество на истакнати конгреси и симпозиуми, а сите новитети во медицината ги применува во третманот на своите пациенти.