fbpx

Д-Р БЕТИ КОСТАДИНОВСКА-ЈОРДАНОСКА, ПРЕДАВАЧ НА 49. НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ЛАБОРАТОРИСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ И САНИТАРНИ ТЕХНИЧАРИ

10.10.2022

Во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари, во Охрид викендов се одржаа 49. Октомвриски средби, научно-стручен собир на лабораториски професионалци и санитарни техничари. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ на овој битен настан ја претстави д-р Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, со темите „Важноста на прокалцитонинот како инфективен маркер во кардиохирургијата“ и „Срцеви биомаркери и нивна употреба во кардиохирургија“.

beti kongres

Д-р Костадиновска-Јорданоска вели дека овој стручен собир бил одлична можност дa се споделат искуства и знаења и да се види кaкo рaбoтaт болниците вo земјите oд регионот.